ЗабаваПопуларно

Запознајте го самопрогласениот “Tатко” од интернетот, кој им помага на деца без родители

Роб Кени, кој бил напуштен од неговиот татко како тинејџер, се залага за децата без татко, учејќи ги работи што би ги научиле од нивните татковци.

Самопрогласениот „татко на Интернет“ сега поставува видеа на својот канал на YouTube, „Dad, How do I?“ за едноставни животни вештини како што се врзување вратоврска, мајсторска работа низ домот и споделување животни лекции.

Кени (59) го привлече вниманието на над 4 милиони луѓе кои се претплатени на неговиот канал, надевајќи се дека ќе научат нешто ново со поддршка од нивниот „татко на интернет“.

„Искрено мислам дека тој беше ставен на Земјата за да биде татко“, ќерката на Кени, Кристин Понтен изјави.

Кени резонира со чувството дека на напуштање од родител откако неговиот татко си заминал од неговиот живот на 14 години и никогаш не се вратил.

Кени морал да се пресели кај својот постар брат бидејќи нивната мајка во тоа време не била способна да се грижи за него поради злоупотреба на алкохол. И така, тој беше принуден да порасне и да се научи на основните вештини што би ги научил од своите родители.

Сега, тој е среќно оженет со неговата сопруга Анели. Заедно одгледале две деца: неговиот син Кајл (26) и ќерката Кристин (29).

Семејството на Кени ја поддржа неговата идеја да започне канал на YouTube за време на пандемијата, кој брзо доби голем број следбеници. Неговата ќерка верува дека својот успех го должи на неговиот утешен тон мрачни времиња.

„Мислам дека тоа не би станало вирално во друга околност“, рече Понтен, која му помага на нејзиниот татко да управува со неговите профили на социјалните мрежи. „Дефинитивно е специфично за пандемијата во однос на нејзините почетоци“.

Како интроверт, славата на социјалните мрежи првично стана огромна и „застрашувачка“ за Кени, но тој знаеше дека служи за поголема цел и продолжи да постира видеа. Дури имал и интервју со Кевин Харт!



Покрај тоа што им помага на луѓето да научат “хакови” во животот на таткото, Кени исто така споделува животни лекции и охрабрувачки зборови