Забава

ИТНО СЛЕТУВА АВИОН Кога го отворила пакетот за ручек што го добила од стјуардесата, патничката за малку ќе се онесвестела

Авион бил принуден да слета неочекувано во Данска кога глушец скокнал од оброк на патник и почнал да трча низ кабината, соопшти во петокот авиокомпанијата.

Лет на Scandinavian Airlines во средата летал од Осло, Норвешка до Малага, Шпанија, кога еден глушец скокнал од неговиот послужавник за храна. Не очекувајќи ваква средба, патниците во авионот ги фатила паника и почнале да скокаат како попарени.

„Верувале или не, госпоѓата до мене ја отвори храната и излета глушец“, напиша на Фејсбук еден од патниците Жарле Борестад.

Компанијата објави итно соопштение за глувчето на летот
Пилотот беше принуден да слета во Копенхаген поради политиката со која се забрануваат глодари на летови, бидејќи тие можат да глодаат низ електричните жици. Патниците потоа со друг лет биле префрлени во Малага, изјави претставник на авиокомпанијата.

„Ова е нешто што се случува исклучително ретко. Воспоставивме процедури за такви ситуации, кои исто така вклучуваат преглед со нашите добавувачи за да се осигураме дека тоа нема да се повтори“, рече портпаролот на компанијата.

Засега сè уште не е познато како Мики Маус завршил како киднапер на лет.
Не беше веднаш јасно што се случи со валканото крзнено топче.