ЗабаваПопуларно

Кејт Мидлтон призна дека сликата за 8ми Март била едитирана!

По неколку недели шпекулации за нејзината локација, Кејт Мидлтон се обиде да ги смири гласините со фотографирање за Денот на жената

Фотографијата ја покажа принцезата од Велс како седи со нејзините три деца – Џорџ, Шарлот и Луис.

За жал едитирана слика неможе да им помине на корисниците на социјалните мрежи со орлови очи. Тие забележаа неколку грешки при едитирањето на сликата и ја прогласиjа за “неважечка”, при што многумина смислија заговори зад образложението за едитирањето и ја префрлаа вината на кралското семејство, прашувајќи дали Кејт Мидлтон е воопшто жива.

По големите притисоци, Кејт призна дека сликата, навистина, била изменета.

Во изјавата објавена на социјалните мрежи денес, таа рече: „Како и многу аматери фотографи, јас повремено експериментирам со уредувањето.

„Сакав да се извинам за каква било конфузија што ја предизвика семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што го слават имаа многу среќен Ден на жена.”

Откако Кејт го пушти твитот, Британците бараат да се направи една работа.

Пирс Морган на твитер постираше барање до кралското семејство. Водителот твитна: „Палатата треба што побрзо да ја објави не-едитираната фотографија на Кејт и децата.“

„Ако не ја објават оригиналната слика, теориите на заговор што се обидуваа да ги убијат, ќе се влошат многу.“

Друг корисник на социјалните мрежи напиша: „Ослободете го оригиналот веднаш“.

Други се сомневаа дали сликата воопшто постои: „Значи, објавете ја оригиналната, не-едитирана фотографија? Или не постои?“

Останува да видиме какви чекори ќе преземе кралското семејство.