ЗабаваПопуларно

Кој град во Европа мириса најубаво?

Ако некогаш сте се запрашале кој град најдобро мириса, британската компанија “HAYPP” ги рангираше топ 10 европски градови кои најдобро мирисаат

Истражувањето опфати 30 градови во Европа и пошироко. Градовите беа оценувани врз основа на чистотата, бројот на цвеќарници, пекари и парфимерии.

Според овие метрики а Атина во Грција беше рангирана на прво место меѓу најмиризливите градови во светот.

Историскиот град е еден од најстарите престолнини во светот и доби оценка 8,3 од 10, благодарение на бројните пекари и пазари од кои шират ароматични мириси, но и на завидниот број од дури 31 цвеќарница кои продаваат мирисни букети и 22 ароматични парфимерии на 10 квадратни метри.

На второ место се најде Париз, поради мирисот на багетите и чистите улици, додека на третото место е Цирих во Швајцарија. Покрај нив на ова необично рангирање се најдоа Даблин (Ирска), Луксембург, Никозија (Кипар), Копенхаген (Данска), Букурешт (Романија), Валета (Малта) и Амстердам (Холандија).