Забава

Кристи Бринкли се соочува со страшна болест: Убавицата морала веднаш на операција

Манекенката и една од најубавите жени на светот, 70-годишната Кристи Бринкли има рак на кожата. Тажната вест ја споделила на својот „Instagram“ профил.

„Добрата вест е што рано го открија базоцелуларниот карцином. И имав одлични доктори кои го отстранија и ме сошија до совршенство, како високата мода ’Dior‘“, напишала Кристи.

Таа додала и дека добрата вест за сите останати е што може да се избегне со користење на крем за сончање. Таа, исто така, ги советувала следбениците редовно да одат на прегледи.

Кристи се прославила во 70-тите и 80-тите години на минатиот век кога се фотографирала за насловните страници на познатите списанија.

Сепак, убавата фигурна на 70 години не е “од добри гени”. Таа вежбала напорно за да ја одржи.