Забава

Луѓето кои работат во овие професии имаат најголема веројатност да се разведат, покажуваат истражувањата

Истражувањето објавено од магазинот Форбс откри дека стапката на разводи во САД е поголема кај паровите кои живееле заедно пред бракот. Повеќето луѓе го обвинуваат партнерот за разводот. Дури 66 отсто од разведените мажи сметаат дека другата страна требало повеќе да се потруди да го спаси бракот, додека 74 отсто од жените го мислат истото.

Исто така, ризикот од развод се зголемува за 75 проценти ако паровите имаат различни пријатели. Оние кои повторно стапуваат во брак по разводот мора да знаат дека со секој следен повторен брак, веројатноста за распад на бракот се зголемува. Дури 73 отсто од третите бракови завршуваат со развод. Помалку е веројатноста разведените повторно да се смират, па само шест проценти од разведените парови повторно ќе се венчаат.

Паровите кои стапуваат во брак пред триесет и две години имаат помала стапка на разводи. Паровите кои стапуваат во брак на дваесет и пет години имаат педесет проценти помали шанси да се разведат од паровите кои се венчаат на дваесет години. За оние кои стапуваат во брак по триесет и две години, стапката на развод се зголемува за пет проценти годишно.

Што се однесува до професиите, најчесто се разведуваат келнерите и стјуардесите, а најмалку математичарите, статистичарите, финансиерите и физичарите.

Шри Ланка има најниска стапка на разводи во светот, а Филипините, заедно со Ватикан, се единствената земја каде разводот е забранет.