Забава

Мислевте дека многу се пие кај нас? Еве што праат Англичани… во авион!

Група британци успеаа да го испијат целото пиво и вино од комерцијален лет само 25 минути по полетувањето

Шефот на турската авиокомпанија “SunExpress” го опиша „хедонистичкиот“ став на некои британски туристи, откако целокупното снабдување со алкохол на летот беше исцедено за само 25 минути.

SunExpress, наводно, рече дека на неодамнешниот лет од аеродромот во Велика Британија, патниците го консумирале целото пиво и вино на продажба во рок од половина час од четиричасовниот лет.

Макс Коунатцки, американско-германски извршен директор на турската авиокомпанија што се шири, рече: „Тоа е повисоко трошење, похедонистичко.“

„Го продадовме целото пиво и вино на располагање 25 минути по поаѓањето; не сме го направиле тоа на ниту еден друг пазар“, изјави тој.

Тој не кажа колку патници имало во авионот, од каде полетал летот и каде ќе оди – но поголемиот дел од полетувањата се за крајбрежниот туристички град Анталија. Исто така, не беше кажано колку алкохол се консумира.