ЗабаваПопуларно

Младиот македонски генијалец Владимир Македон Димитровски ја издаде својата прва книга “From Atoms to the universe”

Младиот Владимир Македон Димтитровски на десет годишна возраст ја напиша својата прва книга “Oд атоми до универзум” и тоа на англиски јазик

И покрај тоа што младиот Македон учествува на многу натпреварувања каде што има освоено доста медали, тој неодамна го објави неговиот прв научен труд во областа на астрономијата. Тематиката на книгата се почетоците на универзумот и во неа се опишува неговото создавање.

Македон објасни зашто неговата книга е напишана на англиски јазик и зашто се одлучил да пишува за космосот.

“Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат” вели малиот генијалец.

Книгата на македон се состои од 19 поглавја.

Македон стана популарен во јавноста пред 3 години кога решаваше математички задачи наменети за средношколци и совршено зборуваше повеќе странски јазици.