Забава

Младоженецот го избркал кумот од свадбата: Додека им држеше говор на младенците никој не очекуваше да го каже ова, сите останати беа во шок

На нашите простори се знае дека “кумот не е копче”, но изгледа дека оваа парола ја нема секаде истата тежина.

Имено, неодамна на платформата Редит се појави приказна во која младоженецот се жали на својот кум.

Како што е наведено, тие двајца се пријатели уште од детството и се било совршено испланирано за најважниот ден на младите.

„Свадбата требаше да биде нашиот најсреќен ден. Мојата сопруга и јас со месеци го планиравме секој детаљ“, напишал младоженецот и додал дека се било совршено додека не дошло време неговиот кум да го одржи својот говор.

„На почетокот зборуваше за нашите најдобри денови, а потоа отстапи од темата, ја погледна својата девојка и почна да зборува за нивната врска и љубов. Пред да сфатам за што се работи, тој одеднаш клекна на едно колено и ја запроси! Ја запроси девојката среде мојата свадба“, налутено признал младоженецот и додал дека целото внимание било насочено кон кумот и неговата девојка, кога таа го кажала судбоносното „да“.

„Почувствував како мојата сопруга ме стиска за рака. Таа виде колку бев бесен. Наместо гостите да го слават нашиот брак, тие беа фокусирани на кумот и неговата девојка“, продолжи младоженецот кој го фати првиот момент и му кажа на кумот колку е разочаран.

„Ми рече дека мисли дека тоа ќе биде изненадување, дека ќе се радувам за него и дека нема да претерувам. Му кажав дека е себичен, невнимателен и на крајот го исфрлив од прославата“, ја заврши својата исповед младоженецот.

Иако сопругата го поддржала, сите останати мислеле дека неговата реакција е претерана и дека по никоја цена не требало да го избрка кумот од свадбата.

Какво е Вашето мислење?