ЗабаваПопуларно

„Никогаш не сум бил со полнолетна жена, ме привлекуваат девојчиња од 12 години“: Одвратните изјави на познатиот пејач

PJ Proby во текот на 60-тите години на минатиот век стекнал популарност како поп-музичар, но бизарните приказни од неговиот приватен живот ја одбележале неговата кариера.

Музичкиот ветеран Маркус Смит, попознат како PJ Proby којшто се прославил со хитовите „Hold Me“, „Somewhere“ и „I Will“ ја отпочнува прошталната турнеја во Велија Британија, а неодамна во големо интервју за „Daily Mirror“ ги признал скандалозните факти за својот живот, меѓу другото и дека го провлекуваат малолетнички, иако има 85 години.

„Не планирам повеќе да се женам затоа што не смеам да бидам со девојки од 12, 13 и 14 години. Тоа е и причината зошто последните 22 години не сум имал врска, но и зошто не ги користам онлајн сервисите за запознавање девојки“, рекол тој, па додал:

„Ми се допаѓаат млади девојки кои изгледаат убаво, но и тоа носи свој товар. Последната жена во мојот живот беше малолетна, а неа ја запознав во 1997 година. Мислам дека тоа беше така зошто малолетните врски се илегални“, истакнал музичарот и објаснил дека имал поголема желба да се ожени со малолетничка отколку само да се забавува со нив.

Proby во животот се женел три пати, а само една од неговите сопруги во моментот на стапување на брак била полнолетна. Интересно е што ниту еден од тие односи не траел подолго од три години.

„Пораснав во Тексас каде поголем дел од девојките се венчаа до 12-та година“, рекол пејачот.

Тој ја шокирал јавноста и со признанието дека во 90-тите имал огромни проблеми со алкохолот и дека понекогаш пиел по пет шишиња виски на ден. После тоа доживеал срцев удар, после што морал повторно да учи да оди и да зборува.