Забава

Ново скандалозно видео од Канје и Бјанка! Тој не ја забележува, а таа…

Раперот и моден дизајнер Канје Вест оваа година беше честа тема на медиумите со неговата сопруга Бјанка Ценсори, особено за време на нивниот престој во Италија ова лето.

Двајцата во неколку наврати беа забележани како шетаат боси, Канје беше виден во гондола во Венеција со разголен задник, Бјанка се шеташе облечена многу оскудно, главно во хулахопки во комбинација со градник, а имавме можност и да ја видиме како оди по улица без горен дел облека и ги крие градите со перници или плишани играчки.

Канје и Бјанка продолжуваат да ја збунуваат и шокираат јавноста со своето бизарно однесување, а неодамна го посетија и уметничкиот фестивал „Art Basel“ во Мајами. И тогаш секојдневно приредуваа чудни сцени, а сега се појави видео од едно излегување кое тогаш настанало.

На видеото гледаме Канје како разговара со пријателите додека неговата сопруга ужива во танц во скут од страна на диџејката Скај Хај Бејби, а во еден момент музичарката започнала да симулира орален секс на сопругата на Канје.

„Канје не ѝ ни обрнува внимание“, „Тој ова никогаш не би го толерирал кај Ким Кардашијан“, „Колку се очајни за да испадат интересни“, „Зошто оваа жена постојано шета гола, зарем тоа не е нелегално?“, „Кој ресторан го дозволува ова?“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Вообичаен коментар е дека е неверојатно Канје Вест да го игнорира ваквото однесување на својата втора сопруга, бидејќи за време на бракот со Ким Кардашијан навистина одредувал како таа ќе се однесува и облекува.

Пријателите на Бјанка, која тајно се омажи за раперот во декември 2022 година, наводно се многу загрижени за неа поради бизарното однесување на кое сме сведоци откако е во овој брак, а веруваат и дека Канје има преголема контрола над неа. Тие се плашат дека сака да ја „претвори во радикализирана верзија на Ким Кардашијан“ и да манипулира со неа.

„Daily Mail“ неодамна напиша дека оваа архитектка е „целосно свесна за контролирањето од страна на нејзиниот сопруг“, а пријателите ѝ рекле да се оттргне од него. Меѓутоа, таа наводно ги обвинила дека се љубоморни на нејзината новостекната слава.

Напишете коментар