Забава

Овие младенци не го одбраа најдоброто место за фотографија, па веднаш зажалија (ВИДЕО)

Секој пар сака да има совршени свадбени фотографии, но една невеста и младоженецот не превиделе важен детаљ кога решиле да се фотографираат на плажата во Назаре, Португалија.

Парот позирал на прекрасна песочна плажа, но набрзо дошол голем бран и целосно ги намокрил. Невестата паднала и ја намокрила венчаницата, а младоженецот се обидел да ја крене. Но, пред да го стори тоа, дошол нов бран и парот повторно се нашол во неволја.

Клипот за само неколку дена собра повеќе од 174.200 прегледи и повеќе од 940 лајкови, а тиктокерите ја коментираа урнебесната глетка.

„Барем никогаш нема да го заборавите тој ден“, „Ќе имате убави спомени“ и „Барем ќе имате оригинални фотографии“, се дел од коментарите.