ЗабаваПопуларно

Од оваа количина злато и луксуз ќе ви се слоши: Еве како изгледа најскапата гастарбајтерска вила на Балканот (ВИДЕО)

Овој луксузен имот, кој Урош им го покажа на своите следбеници на Тикток, е опишан како најскапата гастарбајтерска вила на Балканот

Неготин, град на истокот на Србија, стана познат по луксузните куќи што ги изградиле гастарбајтери кои „за леб“ отишле во странство.

Меѓу многуте луксузни вили лоцирани во овој град, се издвојува вилата на Урош Божиќ. Овој луксузен имот, кој Урош им го покажа на своите следбеници на Тикток, е опишан како најскапата гастарбајтерска вила на Балканот.

Вилата изобилува со детали од злато и мермер, што е карактеристично за ромската култура, позната по љубовта кон златото и големите инвестиции во домовите.

https://www.tiktok.com/@bozic.uros/video/7404433485101796613?embed_source=121374463%2C121451205%2C121439635%2C121433650%2C121404359%2C121351166%2C121331973%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_share&refer=embed&referer_url=www.espreso.co.rs%2Flifestyle%2Fstil%2F1482780%2Fluksuzna-vila-na-balkanu&referer_video_id=7404433485101796613

Во видеото, кое брзо стана вирално, Урош покажа прекрасен двор со бела фонтана, маси, чадори и бели цвеќиња, подготвени за прославата.

Внатрешноста на вилата е уредена според најновите трендови, со мермерни подови и столбови во бела, жолта и црна боја.

Кујната е опремена со луксузни елементи, вклучувајќи и голем остров, додека бањата е украсена со златни детали, како златна тоалетна школка и мијалник.

Брендираните лустери, завеси и мебел дополнително го истакнуваат луксузот и елеганцијата на оваа вила, која очигледно е вистински пример за раскош и богатство на Балканот.