ЗабаваПопуларно

Оптичката илузија го збунува интернетот: Не можат да се согласат за она што го гледаат

Генијална оптичка илузија ги остави корисниците на социјалните мрежи во страв. Иако на почетокот изгледа како да е фотографија од концерт, со подетален поглед брзо сфаќате за што се работи

Откако фотографијата беше објавена на социјалните мрежи, корисниците се обидоа да откријат за кој музички фестивал се работи и каде е направена фотографијата. Кога подобро ја погледнале фотографијата, сфатиле што е финтата.

Доколку не ја уловивте илузијата, станува збор за поле со памук. Памучните цвеќиња изгледаат како глави на посетителите на концертот, а машините за берење памук делуваат како бина под рефлектори.