Забава

Погледнете како изгледа алатка за нанесување кармин стара 80 години

Нанесувачот го нашла на интернет, а малку личи на виткач за трепки. Пристигнал затворен и со инструкции. Велат дека усните треба да бидат суви, по можност напудрени.

Љубителката на винтиџ модни парчиња која поради нејзиниот стил често ја споредуваат со Мерлин Монро, инфлуенсерката Јасмин Чисвел, успеала да дојде до алатка за нанесување кармин што се користела пред повеќе од 80 години, пишува “New York Post”.

„Вака луѓето ставаа кармин во 1940-тите. Овој нанесувач е луд. Не ми се верува дека функционира“, напиша таа во објавата.

Нанесувачот го нашла на интернет, а малку личи на виткач за трепки. Пристигнал затворен и со инструкции. Велат дека усните треба да бидат суви, по можност напудрени. Карминот се нанесува на алатката, а се користи и за долната и горната усна. Карминот се брише од рабовите на нанесувачот за да не се префрли преку работ на усните.

Нанесувачот добро се вклопува по работ на усните. Инфлуенсерката е воодушевена од резултатот. Инаку, Јасмин често наоѓа винтиџ шминка која ја објавува на социјалните мрежи, но во интервју за магазинот PEOPLE изјавила дека не ја користи бидејќи веројатно содржи супстанции како олово за кои не знаеле дека се штетни во тоа време.