Забава

Познатата туристичка атракција покрај морето повторно се отвора за туристи: Глетката е нереална

Познатата пешачка патека покрај морето во Лигурија повторно се отвора за туристи

Познатата пешачка патека ‘La via del’amore’, која нуди исклучителен поглед на морето и е атракција за туристите во италијанскиот регион Лигурија, ќе биде повторно отворена на 9 август по две години рехабилитациони работи, објавија денеска италијанските медиуми.

Станува збор за патека долга само еден километар што ги поврзува селата Риомаџоре, Манарола и Чинке Тере и е дел од „Сината патека“, најпопуларната патека за пешачење во националниот парк Чинке Тере.

Во септември 2012 година, четири лица беа повредени во одрон на таа локација, па патеката беше затворена за поправка.

По две години рехабилитациони работи, туристите ќе можат повторно да го користат, а уметнички дела ќе бидат изложени по патеката, пренесува порталот LaNazione.

Патеката сега е обезбедена и зајакната, меѓу другото, со 80.000 квадратни метри утврдени ѕидови и 26.000 квадратни метри заштитна мрежа од нерѓосувачки челик.

По патеката беа засадени девет илјади растенија, а беа изложени и уметнички дела.