ЗабаваПопуларно

Приказната за видеото “They don’t really care about us” од Мајкл Џексон

Познатото видео на Мајкл Џексон од 1996 година коешто беше снимано во сиромашен кварт во Бразил беше многу покомплицирано од што мислите!

Во тоа време, локацијата во којашто Мајкл Џексон сакаше да снима беше под контрола на картелот. Поточно под добро познатиот наркобос, Марчио Амаро Де Оливеира, или подобро познат како Марчињо В. П.

За да се загарантира безбедноста на Мајкл Џексон во текот на снимањето на видео, потребно било да се направи муабет со Марчињо. Кога придружбата на Џексон побарала локалната полиција да му побараат дозвола за Марчињо за снимање, тие многу едноставно ги одбиле и кажале дека „не се будали да се појавуваат пред него“ што го ставил екипажот на Џексон во многу незавидна ситуација.

Marcinho V.P.

Во тоа време, Катиа Лунд, која беше родена во Бразил а работеше за Спајк Ли (директорот на музичкото видео) беше пратена да збори со Марчињо за да добие заштита во квартот и потенцијално да добие дозвола за да се снима видеото.

Покрај тоа што Марчињо беше познат како еден од најопасните луѓе во Бразил, тој исто така беше огромен обожавател на Мајкл Џексон. Кога тој дозна дека Мајкл Џексон размислува за снимање видео во еден од неговите квартови, тој му пратил порака:

„Доколку одлучите да го снимате видео со Мајкл во фавелата Санта Марта, ќе можете слободно да ја оставите цела опрема за снимање на улица, заедно со 1 милион долари и ви гарантирам дека нема да ви фали ништо.“ Тој исто така им гарантираше дека доколку дојде Мајкл Џексон, ќе пристигне во најмирниот град во светот!

Останатото е историја!