Забава

Психо тест: Кој е вашиот тип на размислување, машко или женско?

Дали сте повеќе склони кон логични заклучоци или проблемите ги решавате интуитивно? Дали подобро го разбирате просторот или луѓето? Направете го тестот и дознајте дали имате машки или женски тип на размислување

„Машки“ и „женски“ тип на размислување е поделба која, генерално, потекнува од предрасудите. Денес знаеме дека и двата пола се подеднакво способни и интелигентни, но откривме и дека имаат различни интелектуални страни. Откријте кои се ваши.

Дали навистина постои разлика помеѓу машкото и женското размислување?

Најпрво, да забележиме: не постои нешто како „подобар“ или „поспособен“ мозок. Тие се само различни и тоа е се. Како што пишува Pscihology Today, машкиот мозок во просек е околу 10 отсто поголем, но големината овде не е важна. На крајот на краиштата, слоновите имаат мозок со три пати поголем и имаат повеќе неврони од луѓето, но не ги гледаме како прават операција на мозокот, и тоа не е само затоа што немаат прсти.

Некои истражувачи тврдат дека мозокот на мажите и жените е различно поврзан. Машкиот мозок испраќа импулси од напред кон назад, со неколку врски низ двете хемисфери. Жените, пак, имаат повеќе врски од лево кон десно, па двете хемисфери се подобро поврзани една со друга. Без да навлегуваме во невролошки детали, истражувачите сугерираат дека овие разлики доведуваат до тоа мажите и жените да имаат различни силни страни. Еве неколку наоди:

Мажите се подобри во извршувањето на индивидуалните задачи; жените се подобри во извршувањето на повеќе задачи.

Жените имаат подобро внимание, меморија на зборови и социјално спознание и вербални способности.

Мажите се подобри во просторната обработка и сензомоторната брзина

Жените се подобри во фината моторна координација и привлекување информации од долгорочната меморија

Жените се подобро ориентирани и подобро ги паметат лицата, а мажите нештата.

Мажите се подобри во визуелизацијата на дводимензионална или тродимензионална форма ротирана во просторот, на правилно одредување агли во однос на хоризонталата, на следење на предмети во движење и на гаѓање проектили.

Во пронаоѓањето на својот пат, мажите повеќе се потпираат на пресметката – односно ја одредуваат својата позиција според насоката и поминатото растојание. Жените повеќе се потпираат на ориентирите.

Тест: Кој е вашиот тип на размислување, машко или женско?

Погледнете ја внимателно сликата на која се прикажани многу различни елементи. Изберете која страна од сликата ви се допаѓа повеќе и која ве привлекува. Едноставен тест ќе открие многу.

Темната страна: машки тип на размислување

Вашето мислење се карактеризира со логичко-структурен пристап, кој обично се смета за „машки“ принцип. Ако сакате јасни линии, остри линии и богато нагласени фигури – ова може да значи дека имате добар логичен и аналитички ум. Се потпирате на прагматизмот и не сте многу добри во довербата на вашата интуиција.

Светла страна: женски тип на размислување

Ако ја избравте светлата страна, вашиот тип на размислување е интуитивно-емотивно. Сакате меки линии, природни елементи, елементи на природата – чувствителни сте до точка на интуиција и ѝ верувате на потсвеста. Одлични сте во општествените науки, ги разбирате луѓето и нивните реакции апсолутно совршено.