ЗабаваПопуларно

Софија Вергара конечно гола во филм: Сцените од серијата привлекуваат внимание

На Софија Вергара многумина ѝ честитаат на главната улога во мини-серијата „Гриселда“ која започна со емитување на „Нетфликс“ на 25 јануари.

Приказната се состои од шест епизоди, претставува спој на драма, криминалистички и биографски моменти. Контроверзната тематика привлекла лавина критики, а сега објавени се кадрите во кои се прикажани интимните моменти на „кокаинската кума“, чиј лик го толкува колумбиската актерка.

Софија Вергара во тие сцени е разголена и има интимен однос со маж. Актерката која поради оваа улога ја нарекуваат женската верзија на Тони Сопрано, ја толкува улогата на Гриселда Бланко, нарко-шефицата во кокаинската трговија и подземјето на Мајами на Флорида во текот на 70-тите години, попозната како „кума на кокаинот“.

Приказната главно добила позитивни критики, а истото важи и за Вергара.

Но, сепак многу негативно реагирал синот на Гриселда Бланко којшто ваквото сценарио го прокоментирал остро и ја критикувал и Вергара и целокупниот тим.

Мајкл Корлеоне Бланко ја тужел и актерката и „Нетфликс“ поради тоа што неовластено и без надомест користеле делови од интервјуа во кои тој зборувал за својата мајка, но исто така искористиле и неовластени фотографии од ликот и идентитетот на семејството.

Сцената можете да ја ѕирнете ТУКА!