Забава

Тој е 66-годишен градоначалник, а таа 17-годишна средношколка: Врска која крена многу прашина

Роди, 17-годишниот модел и некогашна победничка на детски натпревар на убавина, се нашла во центар на внимание во јавноста кога минатата година се венчала за 66-годишниот бразилски политичар Хисам Хусеин Дехаини.

Во моментот кога се венчале, Хисам бил градоначалник на бразилската општина Араукариа, а Роди имала само 16 години и сѐ уште одела во средно училиште кое и натаму го завршува.

https://www.instagram.com/p/Cid3i1jLDFd/?utm_source=ig_embed&ig_rid=4f9fd212-6cc9-498e-8442-afa623ef44f7

Нивниот однос не е незаконски, со оглед на тоа што бразилскиот закон им дозволува на мажите и жените да стапат во брак со навршени 16 години иако за тоа е потребно одобрение од двајцата родители или нивен законски застапник. Сепак, разликата во годините и натаму предизвикува неверојатно внимание и чудење, а многумина коментираат дека политичарот на својата избраничка може да ѝ биде татко, па богами и дедо.

Младата убавица неодамна на првата годишнина од бракот споделила видео на кое е прикажано Гугл пребарување од нивните имиња, со прашање: Сакате да знаете колку години имаме: Фанови или „хејтери“?

Тинејџерката очигледно е свесна дека нејзиниот брак не наидува на одобрување од јавноста, но се чини дека тоа не ѝ пречи, па редовно споделува заеднички фотографии со сопругот којшто е речиси половина век постар од неа.

Инаку, парот се запознал на јавен настан откако девојчето во 2022 година го зазело второто место на избор за Мис Араукариа во категорија девојчиња од 15 до 17 години. Набрзо после познанството тие запловиле во брачните води, а на поранешниот градоначалник ова му е четврти брак.

Сопружниците станале уште поконтроверзни откако Марилен Роди, мајката на младата Бразилка, била унапредена на повисока положба после бракот на нејзината ќерка.

Таа така била именувана за секретарка за култура во општината. Постојат шпекулации дека и сестрата на Марилен, Елизангела со помош на поранешниот градоначалник дошла до функција градски комесар.