Забава

(Фото) Емили во танга-бикини на плажа дополнително ја зголемува температурата

Емили Ратајковски која не треба посебно да се претставува, во текот на викендот уживала на една популарна плажа во Мајами.

Папарацо фотографите ја снимиле бринетата, па направиле низа фотографии кои јасно покажуваат како оваа дама изгледа без филери.

Славната 32-годишна Емили носела минијатурно, дводелно бикини на врзување кое било бело и со впечатлив дезен, а долниот дел од бикинито се состоел од танга.

Дизајнот на ова бикини го потпишува самата Емили која од 2017 година има своја линија на костими за капење „iNAMORATA“.

Емили важи за една од најзгодните жени во светот на шоубизнисот, а на своите фотографии често става акцент на задникот и своите стомачни мускули.

Во меѓувреме таа се прославила и како една од највлијателните славни дами на Инстаграм, а на оваа платформа редовно споделува свои разголени

фотографии.