Забава

Холивудските актери штрајкуваат поради употребата на вештачка интелигенција во видео игрите за време на анимација на ликови

Големите производители на видео игри како Activision, Warner Bros и Walt Disney се соочуваат со штрајк на холивудските актери поради употребата на вештачка интелигенција (AI) при анимирање на ликови од видео игри без соодветно компензација на актерите чии гласови и ликови тоа го користат.

По една и пол година преговори за нов договор меѓу компаниите и синдикатот кој претставува повеќе од 2.500 актери на видеоигри, двете страни велат дека се договориле за неколку клучни прашања, како што се платите и безбедноста на работното место, но дека заштитата поврзана користењето на вештачката интелигенција технологија останува главна пречка, објави денеска Би-Би-Си.

Штрајкот беше повикан од страна на Screen Actors Guild-American Federation of Television and Radio Artists (SAG-Aftra), која минатата година повика на штрајк на холивудските филмски и телевизиски актери.

Актерите се загрижени што студијата за видео игри користат генеративна вештачка интелигенција за да ги репродуцираат гласовите и физичкиот изглед на актерите за да ги анимираат ликовите од видео игрите, без да обезбедат правична компензација за актерите.

„Нема да се согласиме на договор кој им дозволува на компаниите да ја злоупотребуваат вештачката интелигенција на штета на нашите членови“, рече Саг-Афтра.

Телевизиските и филмските актери во САД минатата година добија зголемување на платите и бенефициите, а заштитните мерки за користење на вештачката интелигенција беа донесени по штрајкот организиран од Саг-Афтра.

Тој штрајк, кој траеше 118 дена, беше најдолгиот во 90-годишната историја на синдикатот на актерите, пренесува Танјуг.