Забава

Kолку би платиле за бурек? Инфлуенсерка го испроба „најскапиот“ во регионот и остана разочарана

Инфлуенсерката Лада Кушец Дечи, попозната како „С.Лада.К“ на социјалните мрежи проба бурек во Дубровник, а за три парчиња платила неверојатна цена.

Дубровник долго време се наоѓа на листата на еден од најскапите градови на хрватското приморје, а цените ги шокираат и оние со „подлабок џеб“. Лада Кушец Дечи реши да проба бурек за кој тврди дека е „најскапиот на светот“, а цените варираат од 5 до 8 евра по парче. Цената од пет до осум евра е приближно 300 до 500 денари по парче

“Ве носам веројатно до најскапиот бурек на светот. Во Дубровник платив 20 евра за три мали стапчиња бурек. Иако очекував туристичка измама, телешкиот бурек беше исклучително вкусен. Бурекот со сирењето и спанаќ не беше доволно посолен“, рече таа. е на видеото на TikTok, кое стана вирално.

Пекарата “Holy Burek”, што во превод значи „свет бурек“, стана популарна поради бурекот што го продава, но и поради цената, а претходно се случи и туристите да се „жалат“ на цената и да кажат дека бурекот во Босна и Херцеговина е поевтин, но и подобар

„Тоа е место кое, според мене, е премногу добро направено, бидејќи брендирањето и продажбата на толку скап производ како бурекот е навистина генијална идеја од претприемачка перспектива“, рече таа, пофалувајќи го маркетингот на оваа пекара, додавајќи дека „Јас не би ја платила оваа цена за бурек”

Следбениците од Босна и Херцеговина се пошегуваа на видеото и додадоа дека „бурекот е само со месо“ и дека „подобро ќебеше да ги потрошеше тие пари на гориво за Босна“.

@s.lada.k

Idem u dubai na burek

♬ Dubai – Tea Tairovic