ВестиПопуларно

Британските власти започнаа со воведување на регулации за вештачка интелигенција. “Ограничувања се неопходни”

Законите исто така ќе содржат и мерки против создавање монополи во развојот на вештачката интелигенција

Илон Маск во далечната 2018 кај Џо Роган на подкаст кажа дека веќе е предоцна за регулација на вештачка интелигенција но тогаш неговите зборови не се сфаќаа многу сериозно.

6 години подоцна, почнуваат првите регулативи за вештачка интелигенција, да се надеваме дека не е прекасно.

Според британскиот весник, постапката е покрената бидејќи многумина се загрижени за потенцијалната штета што може да ја предизвика неконтролираното ширење на технологијата за вештачка интелигенција.

Соговорниците на “Financial Times” забележуваат дека британската влада сè уште нема јасни рокови за развој и воведување нови правила, но има прилично јасна претстава за тоа како треба да изгледаат новите правила.

Се очекува дека ќе бидат наметнати одредени ограничувања за создавање на големи јазични модели (LLM) на кои се базираат производи како што се ChatGPT и неговите пазарни конкуренти.

Компаниите кои развиваат алгоритми за вештачка интелигенција ќе мора да ги достават до владините агенции на Обединетото кралство и да обезбедат докази дека извршиле соодветно безбедносно тестирање.

Британската влада претходно нагласи дека не сака претерано да ја регулира вештачката интелигенција, велејќи дека построгите мерки ќе го ограничат растот на целата индустрија.