ПопуларноТехнологија

(ВИДЕО) Велика Британија претстави моќно ласерско оружје: „Ова ќе промени се“

Британската војска направи прв тест на моќниот ласер против воздушни цели пред два месеци. Министерството за одбрана објави дека најновото тестирање на системот “DragonFire” означува „чекор кон вистинска употреба на оваа технологија“.

“DragonFire” е оружје што може да ја пресретне секоја видлива цел со брзина на светлината, објави британскто Министерство за одбана.

Оттаму додаваат дека станува збор за оружје со висока прецизност што користи интензивен зрак светлина за да навлезе во целта, што резултира со структурен дефект или уништување.

Сега го покажаа првото видео објавено од британскиот министер за одбрана, Грант Шапс.

„Погледнете го првото видео од британското ласерско оружје DragonFire“, напиша тој.

Еден напад, според британското Министерство чини само десет фунти. „Ова може да промени сè кога станува збор за воздушната одбрана“, додаваат тие.