ВестиПопуларно

(Видео) Како изгледаше дебата пред избори во Македонија во 1990: „Делува дека сме назадувале во поглед на дебата и начин на комуникација“

Во земјава се случија избори пред точна една недела, односно вториот претседателски круг и парламентарните избори. Чисто за потсетување, Гордана Силјановска-Давкова по споменатите избори стана првата жена претседател на Македонија, а мандатот да формира влада го доби ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, и покрај изборите, многу дебати меѓу лидерите немаше, освен една претседателска меѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски организирана од една телевизија.

Меѓу партиските лидери многу дебати не видовме, како на пример на времето кога Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски не бираа зборови за да освојат глас повеќе.

На еден Јутјуб канал сега се појави една дебата од 1990-та година, на која сигурно ќе познаете дел од учесниците, а таму се и Силјановска-Давкова и Љубчо Георгиевски.

Коментари има многу, а најмногу поврзани со фактот дека денес не постои ваква комуникација меѓу политичарите:

„Значи можам да констатирам дека ние како држава сме се уназадиле посебно во сегментот на дебата и начин на комуникација“, „Wow Љубчо со територијални претензии кон Грција“, „Истите фаци од 1990-та до ден-денес“, се само некои од коментарите.