ВестиПопуларно

Гордана Јанкуловска во „Претрес со Ландов“: „Да сум Груевски, со прв лет ќе се вратам во Скопје“

„Станува збор за жената која што беше најдолго во МВР, но и жената која се покажа како вистински маж кога во прашање беше СЈО, обвиненијата против неа, но и тоа како ги поднесе и што се се случуваше со нејзината судбина. Најдолго помина и во Идризово, ако споредуваме со други политичари од нашата политичка сцена. Но, дали беа во право кога ја ставија таму и што се случуваше таму? Колку се намалија контактите, кој беше поддршката, кој беше со неа, кој исчезна, како растеше нејзиното дете.Дали ги читаше коментарите, што и влијаеше најмногу, но и како денеска ги перцепира бомбите? Бомбите поради кои таа ја понесе одговорноста и заврши зад решетки. Гордана Јанкуловска“, вака Ландов во својот поткаст ја најави поранешната министерка за внатрешни работи од владата на Никола Груевски.

Ландов постави многу прашања во поткастот кој трае 3 часа. Јанкуловска зборуваше за бомбите, за Никола Груевски, за Сашо Мијалков, за деновите минати во затвор, за нејзиното време во МВР и многу други теми.

Ќе пренесеме една од изјавите поврзана со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски:

„Јас да сум на негово место не би чекала да има екстрадиција, јас би дошла сама. Нема да дозволам да бидам ставена во една постапка на екстрадиција. Сама ќе го фатам првиот авион и ќе дојдам и ќе се борам во една атмосфера која очекувам да биде многу поправедна и многу подемократска по промената на власта“, вели таа.

Целиот поткаст можете да го погледнете во приложеното видео: