ПопуларноТехнологија

Марк Закерберг не би ви препорачал да ставате чип во мозок

Неодамна Илон Маск изјави дека неговата компанија “Neuralink” преку пат на операција успешно вградиле чип во првиот човеков мозок. Закерберг кажува дека нема потреба од брзање кога е во прашање чипот и дека „не би сакал да сум тој кој ја користи првата верзија од чипот“

Марк Закерберг неодамна гостуваше во емисија во која што се дискутираше врска помеѓу технологија и човековиот мозок, и кажа дека е потребна голема претпазливост кога е во прашање тој чип. Тој во емисијата кажува дека и неговата компанија “Meta” всушност работи на нервен интерфејс. “Една од полудите проекти на кој што работиме е нервен интерфејс. Кога кажувам нервен интерфејс не мислам на некој чип што ви го вметнале во мозокот. Можеби во иднина би размислиле за нешто такво ама во ниеден случај не би сакал да сум тој кој ја користи првата верзија од чипот”

На прашањето кога би размислил за вметнување на чип тој кажа “Мислам треба да почекаме додека да добиеме созреана верзија. Најдобро да почекаме чип кој што нема да треба да се надоградува секоја година”

Секако дека Закерберг не спомна имиња на компании ама јасно беше дека е во прашање компанијата на Маск, “Neuralink” која успшено вметна чип во човеков мозок и како што изјавува Маск, чипот ќе може да помогне со болести како аутизам, шизофренија, и да им дозволи на луѓето да користат компјутер со мислите.

Во случајот на Закерберг станува збор за помалку нападна техника. Имено се збори за алка која што е врзана со вештачка интелигенција и како што кажува тој “Во иднина очекуваме да можеш да пишуваш или да контролираш нешто со размислување како сакате да ја движите раката”