ПопуларноСпорт

НЕКА ПОЧИВА ВО МИР / Почина атлетичарката која партнерот ја запали пред децата по враќањето од црква

Нејзината состојба се влошила откако „развила бактериска инфекција сепса“

Угандската маратонка Ребека Чептегеи (33) почина од изгореници откако ја запали нејзиниот партнер, објави во четвртокот претседателот на Олимпискиот комитет на Уганда.

„Ја дознавме тажната вест за смртта на нашата олимписка атлетичарка Ребека Чептегеи по насилен напад од нејзиното момче, нека нејзината душа почива во мир и најостро го осудуваме насилството врз жените“, рече Доналд Рукаре во пораката на X.

„Ова беше кукавички и бесмислен чин што доведе до загуба на голема спортистка. Нејзиното наследство ќе живее“, додаде тој.

Чептегеи, која се натпреваруваше на маратонот на Олимпијадата во Париз, каде што заврши на 44-тото место, заврши на лекување во болница во Елдорет, западна Кенија, откако претрпе „повеќе од 80 отсто“ изгореници рекоа лекарите.

Еден член на болничкиот персонал изјави за агенцијата “France Presse” во средата дека нејзината состојба се влошила откако „развила бактериска инфекција сепса“.

Според полицискиот извештај, осомничениот идентификуван како Диксон Ндиема Марангач влегол во имотот на Ребека Чептегеи додека таа била во црква со своите деца. Кога се вратиле од црквата ја полеал со бензин и ја запалил пред очите на децата, две девојчиња на возраст од 9 и 11 години, пишува “The Standard”.