ЗабаваПопуларно

Правилата на Ајнштајн во брак се кошмар за секоја жена! Во денешно време, сигурни би бил ерген!

Во денешното модерно време, правилата на Ајнштајн кои и ги претставил на својата сопруга се шокантни и речиси никој нормален човек не би ги прифатил.

Алберт Ајнштајн бил познат нобеловец и физичар кој бил пред своето време поради неговите достигнувања. Теоријата на релативноста, чиј творец е тој, е нешто по што овој научник е препознатлив, особено кај помладите генерации.

Иако Ајнштајн зад себе остави многу ненадминати дела од областа на физиката и математиката, тој остана запаметен како човек со тежок карактер. Тоа многу влијаело на кариерата и научната работа на неговата сопруга, која сето тоа го запоставила заради него и неговата кариера.

Ајнштајн ја запонал неговата жена за време на студирањето, а Милева во тоа време била перспективна студентка за која предвидувале дека ќе има голема научна кариера. Ајнштајн бил исклучително тивок и повлечен и на многу луѓе им било чудно како тие двајца успеале да станат пар.

Милева била четири години постара од Ајнштајн, што и пречело на нејзината мајка, покрај тоа што имала и една пократка нога. Тие имале вонбрачна ќерка Лизерл, чија судбина не е позната бидејќи се разболела непосредно пред свадбата на нејзините родители. Многумина веруваат дека е дадена на посвојување.

Проблемите со оваа брачна двојка постоеле како и со другите, а среде расправија, Ајнштајн дал „список на правила“ кои неговата сопруга треба да ги следи. Овој список се најде во едно од неговите писма до Милева, а е објавена во биографската книга „Животот и вселената на Ајнштајн“.

Правилата за брак на Алберт за милева гласат:

Ќе се осигураш дека:

  • Ти се грижиш за мојата облека
  • Редовно да се достават три оброци во собата
  • Мојата спална соба и работна соба да бидат уредни, а особено бирото да биде подготвено за моите потреби

Ќе се откажеш од сите лични врски со мене, освен кога тоа е неопходно од социјални причини, а особено ќе се откажеш од:

  • моето седење дома во куќата со тебе
  • моето излегување и патување со тебе

Ќе ги почитувате следниве правила во врска со мене:

  • нема да очекуваш блискост со мене или да ми приговараш
  • ако те прашам – ќе престанеш да зборуваш со мене
  • ќе ја напуштиш мојата спална соба во истиот момент кога ќе го побарам тоа од тебе

Се обврзуваш дека нема да ме омаловажуваш и понижуваш пред децата ниту со зборови ниту со однесување.

Милева со години го трпела нејзиниот сопруг пред конечно да реши да се раздели по една деценија. Таа ја напушти заедницата непосредно пред Првата светска војна, упатувајќи се во Цирих со своите деца.

Дури две години подоцна Алберт побарал развод и тие официјално се развеле во 1919 година, а само неколку месеци подоцна се венчал со својата долгогодишна љубовница.

Јака и душа на Милева…