ПопуларноТехнологија

Пронајдени 2 милијарди тони ретки минерали во Америка

Америка е на пат да стане светски лидери во скапоцени минерали откако се пронајдени 2 милијарди тони во Вајоминг. Овој наод, доколку е точен, ја прави Америка побогата во минерали од Кина, која моментално имаат 44 милиони тони.

Групата којашто ги најде минералите „Rare Earths Inc.“ кажаа дека ова откритие не ни помислиле дека е возможно, со оглед на тоа што имаат уште 75% од теренот за бушење.

Минерали кои се пронајдени се оксиди на Неодимиум, Прасеодимиум, Самариум, Диспрозиум и Тербиум, кои најчесто се користат во денешната технологија. Највеќе во телефони, хибридни возила, авиони, како и сијалици и ламби.

Бушењето започнало во Март, 2023 година. Пред да започне се предвидуваше да најдат само 1.2 милиони тони, но кога почнале со бушење откриле дека станува збора за многу поголема количина на минерали. На секое бушење се вадело од прилика 60% повеќе од очекуваното.

„Овие резултати се показател за огромниот потенцијал на овој проект. Особено кога ресурсите се покачени за 64% во почетните фази на бушењето. Обично кога се буши, количината на ресурси се намалува поради самото бушење, но во овој случај е сосема обратно, и тоа само 25% од проектот е комплетиран“ изјави Дон Шварц, извршниот директор на „Rare Earths Inc.“

Моментално, 95% од минералите на нашата земјата се од Кина, а од нив Американците увезуваат 74%.