ПопуларноСпорт

Се закани, па избриша: Конор МекГрегор бесен на Рајан Гарсиа откако втор пат падна на допинг тест

Гарсија неодамна имаше импресивен настап против Девин Хејни во кој му го нанесе првиот пораз. Победата сега е доведено во прашање откако Гарсија беше позитивен на тестот за PED Остарин на 19 април, и повторно веднаш по борбата. Присуството на забранетата супстанција е непотврдено до понатамошна лабораториска анализа, но Гарсиа тврди дека се е лага.

Конор МекГрегор кој неодамна имаше пофални зборови за Рајан Гарсиа, откако дозна за вториот позитивен тест, имаше бурна реакција на Икс која веќе ја избриша:

“Дојде со недозволена тежина и користеше недозволени супстанци. Доживотна казна.” кажа МекГрегор.

“Тажно да се види, тажно да се каже”. тој продолжи

“Никогаш немој да ми се приближиш и подобро да не те видам повторно”

Рајан Гарсија беше позитивен на тестот за подобрување на перформансите на супстанцијата остарин еден ден претходно и на денот на неговата победа над Девин Хеjни минатиот месец, според писмото на анти-допинг комисијата испратено до сите страни во средата и добиено од ESPN.

Примероците од урината беа собрани пред тепачката, но резултатите беа познати дури подоцна.

Гарсиа веднаш ги негираше тврдењата и на социјалните мрежи објави слики од суплемент од корен од ашваганда за помош со отоци, со насловот “Mоја грешка, не требаше да го земам ова”.

По објавата на Гарсиа, “Gaia Herbs” производителите на суплементот објавиа дека тие не користат остарин во нивните производи.