ВестиПопуларно

Уапсен чичкото на 8-годишното девојче Нарин: Примерокот од крвта на родителите одговара на онаа во автомобилот на чичкото

Потрагата по осумгодишното девојче Нарин Гуран во Турција продолжува без прекин, откако таа исчезна на 21 август во областа Баглар, Дијарбекир, а сега е уапсен и чичкото на девојчето.

Првиот човек кој беше приведен за исчезнувањето на осумгодишната Нарин е нејзиниот брат поради трагите од каснување на раката. Сепак, постариот брат е ослободен, пишува НТВ.

Инспекторите од судска медицина утврдиле дека „невозможно е да и припаѓаат на Нарин затоа што таму би биле 9 дена, а овие биле посвежи“.

„Местото каде што човек би си ја гризнал раката е различно од местото каде што некој би гризнал некого додека се бранел“, велат тие.

Министерот за правда Илмаз Тунч рече дека е пронајдена планина докази, но дека малку од нив се релевантни за истрагата. Единствениот доказ што се користи во оваа фаза од истрагата е примерок од крв од мајката и таткото на Нарин што одговара на примерокот од крвта во автомобилот на чичкото.

„Врз основа на земени примероци од крв тој е приведен, а што се случило ќе покаже понатамошната истрага“, рече министерот.

Досега се проверени 150 возила кои минувале низ регионот на денот на исчезнувањето. Да потсетиме, специјалците пронајдоа нови индиции. Во полиња со пченка беа пронајдени облека и парчиња ткаенина.

Се појавија и последните слики од Нарин пред да исчезне. На снимката се гледа како Нарин оди со 4 пријатели, а потоа заминува и го користи ридскиот пат, упатувајќи се кон својот дом.

Претходните денови биле пронајдени две различни детски влечки. Сепак, било утврдено дека ниту една не припаѓа на Нарин Гуран, се вели во соопштението на нејзиното семејство.