Популарно

Филмски грабеж на банка насред бел ден во Илинден, украдена огромна сума на пари

Банкарска експозитура во скопската населба Илинден претпладнево била на удар од вооружени лица, соопшти МВР.

Според првичните сознанија, одземена е поголема сума на пари.

Од МВР излегоа со кратко соопштение:

„Денеска (28.02.2024) во 10.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во експозитура на една банка во нас.Илинден – Скопје едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари“, велат од МВР.

Полицијата врши увид, а повеќе информации ќе има во текот на денот.