ПопуларноТехнологија

“Neuralink” успешно го вгради првиот чип во човечки мозок

Комaпнијата на Илон Маск денес успеа да дојде до големо достигнување. Невро-тохнолошката компанија имаше успешна операција на човеково тело во кое го вгради нивниот чип во човековиот мозок. До сега, чиповите беа строго тестирани кај мајмуни кој имаа доста позитивен резултат од поглед на постигнување на функции на компјутер само со мозокот.

По операцијата Илон Маск изјави дека човекот кој го примил чипот е во добра состојба и дека се покажало покачување на невроните во телото.

Маск изјави дека првиот производ на „Neuralink“ ќе биде наречен „Телепатија“. Телепатија наводно ќе дозовлува контролирање на телефон или компјутер и преку тие уреди, ќе може да се контролира кој било друг уред, строго преку мисли, без жици. без мрдање.

Илон Маск изјави дека дури и ако одреден човек пати од слепило цел живот, односно биле родени слепи, повторно ќе може да се врати видот со помош на чипот.

“Neuralink” исто така помага со подобрување на меморијата и когнитивните способности. Може да му ги врати моторните функции на телото, сетилата и може да помогне со лекување од невролошки заболувања.

Доколку е све успешно, ова би било револуционерно откритие за човечката раса. Особено од медицински аспект. Маск изјави дека првите во редицата за примање на чип во мозокот ке бидат инвалидите без екстремитети, па потоа пополека сите што имаат потреба ке може да добијат чип.

Напишете коментар