Селебрити

Актерката ја откри тајната на врската со 32-годишна колешка: Ги откри овие детали, па ги шокираше сите

Актерките Сара Полсон и Холанд Тејлор се во врска од 2015 година, а во подкастот „Smartless“ Сара откри некои детали од нивната врска.

Сара Полсон и Холанд Тејлор некогаш беа главна тема на сите медиуми кога се дозна за нивната врска. Многумина беа заинтригирани од 32-годишната разлика меѓу нив, но Сара ја откри тајната на нивниот успех.

“Не живееме заедно, тоа е некако тајна. Холанд Тејлор и јас поминуваме многу време заедно, но не живееме во иста куќа. Долго време бевме во врска и мислам дека дел од успехот лежи во тоа, времето го трошиме само кога сакаме, а кога не сакаме тогаш не трошиме“, изјави Сара.

На прашањето дали сепак би сакала да бидат во иста куќа, но да имаат посебни спални соби, Сара кратко одговорила.

“Ние сакаме да заспиеме држејќи се за раце. Сакам да спијам покрај неа. Едноставно не сакам да бидам со неа цело време. Само се шегувам”.

Да потсетиме, Сара има 49 години, а Тејлор 81, а пред Сара немала долга врска.

Сара еднаш истакна дека е свесна како луѓето гледаат на нивната врска, но тоа не и пречи.

“Не избрав во кого ќе се заљубам. Но мислам дека знам зошто им е интересно на луѓето, бидејќи на хартија сето тоа изгледа неконвенционално. За личност која се наоѓа во оваа ситуација и се плаши да не биде судено или погрешно, нека види дека го живеам животот на мој начин, што е автентично за мене, само се трудам да бидам што е можно пореален, ако тоа ќе инспирира некого, не може да биде лошо.” – изјави актерката за Elle.