Селебрити

Актерот по кој лудуваа Македонките ја изневерил сопругата со 80 жени: Му простила се, но сега сака развод …

Вилијам и Елизабет се запознале во 2003 година во реалното шоу „Protagonistas de novela“. Тие се венчаа истата година.

Актерот Вилијам Леви (43), заводник од мексиканските сапуници, се разведува од сопругата Елизабет Гутиерез. Тие беа заедно 20 години. Разводот за HOLA го потврди Елизабет.

„Секогаш верував во нашата врска. Го сакав Вилијам, мислам дека не е тајна дека тој беше љубовта на мојот живот. Во моментов не сме заедно. Никогаш не беше поради недостаток на љубов од моја страна. Мислам дека не сум истата девојка како пред 20 години кога ме запозна. Сакаме различни работи во овој момент. Секогаш ќе го сакам, секогаш ќе му посакувам се најдобро. Секогаш велев, без разлика дали е со мене или не, сакам да биде среќен“, рекла таа.

Додала и дека има многу причини да остане во брак, но дека Вилијам не сменил некои работи кои требало да ги промени. Инаку, Вилијам на јавноста и е познат по многубројните афери, а сопругата наводно ја изневерувал со 80 жени. Тој имаше една од тие афери со Ксимена Наварете, актерка со која работеше на серијата „Бура“. Леви извесно време ја изневерувал сопругата со актерката Жаклин Бракамонтес.

Веста за разводот ја споделила Елизабет два месеци откако полицијата била повикана во нивниот дом поради нивните домашни проблеми. Нивната ќерка Кејли во полицискиот извештај изјавила дека влегла во семејната куќа и слушнала непознат женски глас од спалната соба на нејзините родители. Таа се обидела да влезе во собата и Вилијам ја „турнал за да ја спречи да влезе“. Тој негираше сè.

Вилијам и Елизабет се запознале во 2003 година во реалното шоу „Protagonistas de novela“. Тие се венчаа истата година. Тие имаат две деца заедно, синот Кристофер и ќерката Кејли. Двојката објави дека се разведува пред две години, но реши да му даде уште една шанса на својот брак.