Селебрити

Бора Чорба приклучен на респиратор: Здравствената состојба на музичарот се влошила, објави неговиот менаџер

Здравствената состојба на музичарот се влоши.

Музичарот Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на бендот Рибља чорба, моментално е на лекување во болница во Љубљана.

Тој беше примен во болница поради проблеми со белите дробови, а сега е приклучен на респиратор.

„Бора моментално е на респиратор поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Се надеваме на подобри вести во наредниот период“, изјави за „24/7“ Бане Обрадовиќ, менаџерот на Рибља чорба.

Потсетуваме, пред неколку дена на официјалната страна на бендот беше објавено соопштение дека сите нивни настапи во наредниот период ќе бидат одложени, поради здравствената состојба на Бора.

„Почитувани пријатели, поради влошената здравствена состојба, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија, како и влошување со хронична, опструктивна белодробна болест. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави, повторно ќе се видиме“, се вели во соопштението на бендот.