ПопуларноСелебрити

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија: Нејзиниот брат пронајден мртов во автомобил

Во време на интензивна промоција на нејзината песна “Firefighter” и непрекинати настапи низ Европа и Грузија, Нуца, позната пејачка која се натпреваруваше на Американски Идол, и која ќе ја претставува Грузија на Евровизија со дело од Дарко Димитров, се соочи со голема семејна трагедија.

Преку објава на Инстаграм, таа соопшти дека нејзиниот брат, Дато, е пронајден мртов во својот автомобил во Америка.

„Чувствувам како дел од мојата душа да е искинат. Многу ми е жал што во последните години не бевме многу заедно. Секогаш го имав во срцето, од малечок. Тажна сум што се изгубивме еден од друг без да знам зошто… Оваа болка ќе ме прогонува сè до мојот последен здив. Дато, беше вистински брат, верен пријател, чесен син и сопруг, грижлив татко и голем патриот. Прости ми што не бев покрај тебе“, сподели таа со своите следбеници.