Селебрити

Дизајнерката ги шокираше сите: „По 30 години исфрлете го овој предмет од плакарот, изгледате евтино“

Носењето фармерки по 30 годишна и долга коса по 40 години е сосема немодно, изјави познатата дизајнерка Каролина Херера и крена вистинска бура.

Таа има репутација на една од најелегантните жени во светот, а нејзиниот придонес во денешната мода е неопишлив. Нејзината гореспомената изјава поттикна вистинска дискусија за тоа што значи да се облекувате соодветно на возраста и стилски без да го изгубите стилот.

Херера успешно ја води својата модна империја повеќе од 30 години, а нејзината модна колекција вклучува венчаници, парфеми и модни додатоци. Таа сподели со јавноста дека никогаш не носи мини здолништа и бикини бидејќи смета дека тие се посоодветни за помлади жени. Дополнително, таа тврди дека носењето фармерки после 30 години не е елегантно.

Таа исто така тврди дека жените по 40-тата година треба да носат пократка коса, бидејќи таа е пограциозна и посоодветна за нивната возраст.

„Жената мора природно да старее и да не се труди да глуми возраст во која не е, бидејќи тоа ќе изгледа смешно. Гледам многу жени на улица одзади и изгледаат многу убави со долга коса и мини здолништа, но кога ќе се свртат, ќе сфатите дека имаат години зад себе“, рече таа.

Џенифер Лопез, Анџелина Џоли, Џенифер Анистон и Бијонсе се само дел од познатите дами кои очигледно не би се согласиле со неа бидејќи и денес носат кратки здолништа и долга коса и изгледаат елегантно.

Херера истакна дека според нејзиното мислење, обидот да изгледа помладо ја прави жената да изгледа постара.

“Не верувам во трендови бидејќи тие прават сите да изгледаат како да носат униформи. Излегува едно тренди парче облека и одеднаш сите изгледаат исто”, заклучила таа.