Селебрити

„Знаеш кој е, спиеш со мојот сопруг“: Го бркала со голф палка, ја изневерил со 60 жени

Американскиот голфер Тајгер Вудс постигнал огромен успех во кариерата и заслужено стана еден од најпознатите спортисти на сите времиња, но освен што е познат по големите успеси, познат е и по бројните афери кои ги имал додека бил во брак. Бил во бројни врски, но една Швеѓанка му го украла срцето и му зела 100 милиони евра.

Со Елин Нордерген на „лудиот камен“ стапнал во 2004 година, но нивната љубовна приказна траела само неколку години. За сето ова пишувал Џејмс Патисон во неговата нова книга „Tiger, Tiger: His Life, As It’s Never Been Told Before“.

Славниот голф играч својата сопруга Елин ја запознал во 2001 година во домот на нејзината пријателка која била во брак со голферот Јеспер Парневик, кој всушност ги споил Тајгер Вудс и Нордерген. Меѓутоа, Елин во тоа време била во врска и немала никаков интерес за голферот. Кога раскинала со своето момче, само неколку месеци подоцна – се вљубила во Вудс.

Љубовницата признала, сопругата го бркала го голф палка


Долго време ја криеле својата врска, а во 2003 година јавно објавиле дека се заедно. За кратко време се вериле и се венчале во 2004 година. Три години подоцна се родила нивната ќерка Сем Алексис, а во 2009 година добиле второ дете. По раѓањето на второто дете се појавиле првите несогласувања во нивниот брак. Елин дознала дека Тајгер бил неверен и ја изневерил со најмалку 60 жени. За прељубата прво се дознало откако неговата љубовница јавно објавила сè, а за останатите жени се дознало преку медиумите.

Елин сето тоа многу ја налутило, па еден ден му ги искршила скапоцените автомобили со палка за голф. Швеѓанката ги пронашла и пораките кои Тајгер ги праќал на другата жена, па поради тоа го бркала низ домот со палка за голф. Тој тогаш побегнал, влегол во автомобил и на крајот направил сообраќајка.

Го спасила токму Елин, која со палка го скршила стаклото од автомобилот и го извлекла надвор.

Во својата книга, Патисон ги опишал деталите за несреќата и разговорот помеѓу началникот на полицијата на Флорида, Даниел Сејлор и репортерот на ESPN – „Моите двајца полицајци пристигнаа на местото на несреќата и го најдоа Тајгер Вудс како лежи на подот покрај своето возило, додека неговата сопруга била над него и му пружала прва помош“, зборувал тогаш Сејлор, како што наведува авторот во книгата.

Таа ги пронашла пораките, а тој се заклучил во бањата


Меѓутоа, иако таа го спасила, нивниот брак отишол по надолна линија. Џејмс навел дека тензиите биле во воздухот пред несреќата, но и дека Вудс ја „намалил тежината и ги негирал обвинувањата“ – „Елин сакала да му верува, немало смисла“, напишал, а набрзо таа дознала и за другите жени. Голферот, како што истакнува Патисон, дури се договорил со таблоидот „National Enquirer“ да не објавува приказна за една од жените со која имал афера, во замена „Men’s Fitness“.

Меѓутоа, ниту тоа не му помогнало на Вудс. Елин пронашла уште неколку пораки на неговиот мобилен телефон со неколку различни жени. Меѓу нив била и пораката до хостесата Рејчел Учител, на која наводно ѝ напишал дека е „единствената која ја сакал“. Елин тогаш, како што вели Патисон, се преправала дека е Тајгер и ѝ испратила неколку пораки на хостесата, а потоа открила кој стои зад тие пораки – „Знам дека ти си била тоа, знам сè“, напишала тогаш Нордегрен, а од тој миг нејзиниот брак започнал да се распаѓа.

Џејмс во книгата опишал и како Вудс реагирал на сето тоа. Тој наводно се заклучил во бањата и почнал да им праќа пораки на жените со кои се гледал во тој момент. Меѓутоа, Елин веќе испратила гласовна порака до една од нив – Џејми Грабс: „Знаеш која сум јас, затоа што спиеш со мојот сопруг“, гласела.

Му земала 100 милиони долари


По сите обвинувања и откако Елин дознала за сè, ситуацијата ја прокоментирал Јеспер Парневик, оној кој го споил познатиот пар. Тој тогаш изјавил дека ја изгубил сета почит која ја имал за голферот бидејќи ја сметал Елин за своја помала сестра. Освен тоа што неговиот брак тргнал надолу и неговиот имиџ бил уништен. Според Патисон, нивната врска била „осудена од самиот почеток“. Додека тој се заљубил во неа на прв поглед, Елин воопшто не била заинтересирана за него бидејќи тој не бил нејзин тип на маж. Тајгер ја замолил да излезат на состанок, но таа сметала дека тоа е „чудно и патетично“.

Тајгер и Елин се развеле во 2010 година. Во бракоразводната парница, Елин, со судска одлука добила 100 милиони долари, додека голферот ги изгубил спонзорите. По разводот, Тајгер разговарал со своите деца, а според Патисон, им објаснил и зошто повеќе не живее заедно со нивната мајка. „Не живееме под ист покрив затоа што тато направи некои грешки“, наводно им рекол тој.

Џејмс во книгата го опишал и апсењето на Тајгер Вудс во 2017 година, откако возел под дејство на алкохол. Потоа, во 2021 година, играчот на голф имал уште една шокантна сообраќајна несреќа, која едвај ја преживеа. По несреќата, тој имал игли и шипки во ногата, како и повреди на стапалата.