Селебрити

И подарил долна облека која била наменета за друга: Актерката го фатила мажот во неверство, а неговиот срамен потег…

Наводната афера на Ендрју Бјукен со колешката Лејла Фазард излегла на виделина откако изневерената сопруга Ејми Нутал открила дека поранешната ѕвезда на „Broadchurch“ купил долна облека во големина која нејзе ѝ била погрешна.

Актерот Ендрју Бјукен наводно го напуштил семејниот дом на крајот од 2022 година, вселувајќи се кај неговата љубовница и колешка Лејла Фарзад, која ја запознал на снимањето на BBC серијата „Better“.

Пријателите тврдат дека актерот ја информирал Нутал, најпозната по улогите во „Emmerdale“ и „Downtown Abbey“ за неговата желба да го прекине бракот непосредно пред Божиќ. Но, актерката, која има две деца со Бјукен, се посомневала дека нејзиниот сопруг изневерува откако открила интимен предбожикен подарок, заедно со сметки од необјаснет престој во хотел во Лондон во близина на нивниот дом – кога тој требало да работи на локација. Извор за „The Sun“ изјавил:

„Коцките почнаа да се собираат во одреден временски период. Тој често беше отсутен, што не беше невообичаено поради природата на неговата работа, но во еден момент Ејми сфати дека престојува во хотели многу блиску до дома – и се прашуваше зошто.

Како што одминуваше времето, имаше некои знаци дека се зближува со Лејла – само нешто во неговите манири и во нивните заеднички објави на социјалните мрежи. Но, последната капка беше долната облека – тоа е она што го открило. Ејми само инстинктивно знаеше дека тоа не е наменето за неа.“

Според извори блиски до актерката, таа била толку „скршена“ до официјалниот крај на бракот – што речиси секој ден плачела. Не сакала да зборува за целата ситуација за медиумите, а во една прилика само кратко рекла: „Не можам да зборувам за тоа. Жал ми е, не можам ништо да кажам“.

Извори блиски до неа велат дека ја поддржувала нејзината блиска пријателка Џоан Фрогат, која порано живеела во близина на поранешниот пар. Еден пријател изјавил:

Тоа ја скрши Ејми, беше толку страшно и тажно да ја гледаме таква. Таа сфати дека нешто се случува и знаеше дека мора да каже нешто, па се соочи со Ендру за тоа. Веројатно најтешката работа која Ејми некогаш морала да ја направи. Сега таа се навикнува на животот без него и навистина е тешко. За среќа, околу себе има одлични пријатели кои ја поддржуваат на секој чекор.“