ПопуларноСелебрити

Како навистина изгледаат ѕвездите во реалноста без сите филтри на Инстаграм

Неодамна се одржа Мет Галата, која се смета за најважниот моден настан на годината во светот, а додека гледавме фотографии од совршените изданија на познатите личности – видеото објавено на ТикТок ја покажува и другата страна.

Додека фотографиите што ги споделија ѕвездите како Џенифер Лопез, Џиџи Хадид, Шакира и други изгледаа совршено, а нивните лица без знаци на старост и без никаква текстура – реалноста е многу поинаква.

Всушност, видеото споделено на ТикТок ја покажува вистинската текстура на нивните лица – почнувајќи од Џеј Ло, која изгледа многу постаро во споредба со обработените фотографии од настанот.

На видеото се прикажани лицата на Ким Кардашијан, Дуа Липа, Серена Вилијамс, Рита Ора, како и Памела Андерсон – а интересно е колку тие изгледаат поинаку во споредба со изданијата од социјалните мрежи.

@caroline_in_thecity

Replying to @Emma Julian here’s some more! Real skin texture from #metgala2024 #met2024 #themetgala #metgala

♬ In This Shirt (Violin) – Dramatic Violin

Речиси сите познати личности детално ги фотошопираат своите фотографии пред да ги објават, што во голема мера ја менува перцепцијата на јавноста за изгледот кој треба да биде прифатен.

Ваквите фотографии и снимки од кожа и изглед без фотошоп и разни филтри се потсетување дека совршенство не постои и дека познатите луѓе и покрај имиџот што се обидуваат да го промовираат, сепак се луѓе од крв и месо.