ПопуларноСелебрити

Конечно познат новиот актер кој ке го игра Џејмс Бонд?

Шпекулациите за нов филм од серијалот Џејмс Бонд е се поблиску според фановите кои исто така тврдат дека знаат точно кој ке биде следниот глумец да ја превземе легендарната улога од Даниел Крег.

Како што кажуваат тие, наследникот е конечно избран по 3 години од искачањето на последниот Џејмс Бонд филм, “No Time To Die”

Според извештаите на “The Sun”, на Арон Тејлор-Џонсон „формално му е понудена можност да го игра Џејмс Бонд“.

33-годишниот актер не е официјално објавен – ниту е познато дали ја прифатил потенцијалната понуда, но тој би бил осмиот актер кој ќе го игра легендарниот шпион од почетокот на франшизата.

Можеби ќе ја препознаете Тејлор-Џонсон од филмовите “Kick-Ass”, “Avengers: Age of Ultron”, “Godzilla”, и “Angus, Thongs and Perfect Snogging“.

Изворот рече: „Бонд е работа на Арон, доколку сака да ја прифати. Официјалната понуда е на маса и тие чекаат да слушнат.

„Што се однесува до Еон, Арон ќе го потпише својот договор во наредните денови и тие можат да почнат да се подготвуваат за големата најава“.

Некои фанови на 007 се прилично поделени околу идејата Тејлор-Џонсон да го игра иконскиот лик.

Многу луѓе мислат дека тој одлично би одговарал, а еден напишал на X: „Изгледа многу поврзан… мислам дека ќе се справи добро, малку повеќе како класичен Џејмс Бонд во споредба со претходниот гангстер како Даниел Крег“.

Додека друг го пофали подемот на актерот: „Ова е лудо. Од Angus Thongs и Perfect Snogging до Bond. Aaron Taylor-Johnson да бидеш секогаш познат“.

А друг додаде: „Арон Тејлор-Џонсон како Џејмс Бонд? Би го гледал“, а четвртиот напиша: „Лично мислам дека Арон Тејлор-Џонсон ќе направи одличен Џејмс Бонд“.

Меѓутоа, други беа помалку ентузијасти, а некои обожаватели го дадоа истиот коментар за актерот, тврдејќи дека Џонсон-Тејлор го нема „класичниот глас на Бонд“.

„Можам да го прифатамкако Бонд. Тој го нема типичниот Бонд „глас“, но јас сум со него“, рече еден.

А друг додаде: „Арон Тејлор-Џонсон не може да биде следниот Бонд. Одлично лице, но погрешен глас“.

Додека третиот додаде: „Арон е убав и дали можете да го замислите како вели „моето име е Бонд, Џејмс Бонд“ со тој глас??“