ПопуларноСелебрити

Милион прегледи и 45.000 лајкови! Влатко Стефановски за HRT: Верник сум, ама не сум религиозен

Нашиот музичар и светски ценет гитарист Влатко Стефановски имаше интервју во емисија на ХРТ.

Интервјуто трае подолго, но на интернет кружи еден вирален дел од тоа интервју во траење од 80 секунди.

„Порано можев да изјавам дека сум атеист. Тоа порано и го изјавував, но не е точно. Пред 10-15 години дојдов до фаза агностика. Можеби го има, а можеби и го нема“, вели Влатко, на што водителката додава – „Да, немаме доказ ни за едно, ни за друго“.

„Јас сум верник, но не сум религиозен. Тоа значи дека верувам, но малку сум скептичен кон организираната религија. Бидејќи организираната религија е многу блиска до политиката. Таа е многу блиску до контролирање на луѓето и нивното мислење и нивните ставови“, вели Стефановски па продолжува:

„Да, но знаете ли што е за мене доказ? Сте виделе ли некогаш љубов во материјална форма. Видел ли некој љубов? Исто како што не го видел ни Бог. Не се сите работи материјални. Постои еден огромен свет од идеи. Огромен свет невидлив за нашите сетила“, заклучува Стефановски на оваа тема.