Селебрити

Неочекуван пресврт во холивудскиот развод: Ќерката на Бред го избра татко си, Анџелина во шок

Бред Пит, еден од најпознатите холивудски актери, одлучи да се откаже од долгогодишната судска битка за заедничко старателство над децата кои ги дели со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Според последните информации, на актерот му е доста од правната битка и Анџелина ќе добие целосно старателство, додека Бред ќе има права на посета.

Напишано е за лошиот однос помеѓу Бред и постарите деца, а едно од децата, Захaра, неодамна јавно се откажа од презимето на татко и, додека Пакс го нарече Пит „с*** од светска класа“ и „страшно човечко суштество“.

Сепак, Шајло, првороденото дете на Анџелина и Бред, се чини дека е повеќе ориентирана кон таткото. Според извори блиски до парот, кога Шајло ќе наполни 18 години, таа сака да се пресели кај нејзиниот татко.

“Шајло не е незадоволна од Анџелина, но таа ќе наполни 18 години и сака промена. Таа го обожава Бред и отсекогаш била “татина”девојка”, рекол изворот.

Иако промената ќе биде значајна, имајќи предвид дека имотот на Бред не е далеку од оној на Анџелина, Шајло ќе може лесно да ги посети мајка си и другите браќа и сестри.

Претходно се пишуваше за посебниот однос помеѓу Бред и Шајло, со назнака дека се блиски и имаат слични интереси и страсти.

Иако нивната врска како пар можеби не може да се поправи, Бред верува дека Анџелина добро се грижи за нивните деца.

“Енџи е таму, таа знае подобро од повеќето како е да се биде дете на славна личност. Таа ги штити своите деца, Бред знае дека се во добри раце”, заклучува изворот.