Селебрити

Нејзината убавина го одзема здивот, заработува 96 милиони годишно, но Новак Ѓоковиќ не успеа да и го украде Јелена

Новак и Јелена Ѓоковиќ уживаат во љубовта речиси две децении

Најпопуларната актерка во Индија и една од најубавите жени во светот, Дипика Падуконе, моментално е во брак со Ранвер Синг, но не може да го прежали Новак Ѓоковиќ.

Нејзината непреболена љубов е Новак Ѓоковиќ, што и таа јавно го призна. Дипика била маѓепсана од Новак Ѓоковиќ и изјавила дека никогаш нема да ја заборави нивната средба.

„Новак ме шармираше на прв поглед! Знам дека е зафатен човек, има деца, но никогаш нема да го заборавам времето што го поминав со него. Беше шармантен, љубезен и крајно смешен. Кога ќе го комбинирате тоа со самодовербата на маж кој е најдобар на светот во она што го работи, можете да видите зошто ниту една жена не може да му одолее. Никогаш не сум сретнала некој како него! Затоа Ноле засекогаш ќе остане мојата најголема љубов“, изјавила таа.

Ѓоковиќ и индиската актерка за прв пат се сретнаа на крајот на 2014 година на турнирот IPTL и имаше различни коментари на социјалните мрежи и во медиумите.

Беше наведено дека тие двајца се пријатели и дека меѓу нив имало „хемија“. Тие беа фотографирани во 2015 година во соблекувалната на Вимблдон, каде што таа го чекаше Новак да му честита, а потоа се сретна и со Јелена Ѓоковиќ со која размени неколку зборови.

Следната година биле заедно на НБА мечот Лос Анџелес Лејкерс – Орландо Меџик, по што таа отишла во еден од најпознатите ресторани во Лос Анџелес. Медиумите објавија дека вечерта ја поминале заедно, поради што Јелена била лута, а бракот им бил во криза.

– Новак е пред развод. Јелена сфатила дека врската на нејзиниот сопруг со Дипика оди подалеку од обичното дружење и затоа се „скршила“. Таа побара од Новак да ги одвои нивните банкарски сметки и речиси е подготвена да го остави, пишуваше тогаш “Gazetta Dello Sport”.

Ѓоковиќ брзо објасни дека тоа не е вистина и рече дека двајцата се само добри пријатели.

– Сите тие приказни за Дипика ме насмеаа. Таа е добра пријателка со мојата сопруга, а исто така е и голем љубител на тенисот, затоа можеби сте ја виделе неколку пати на моите натпревари, изјави тогаш Ѓоковиќ.

Тогаш Новак дури сакаше да го тужи италијанскиот весник, но се откажа. Тогаш не се знаеше која е, но ја опишуваа како „непозната, долгонога бринета“, а сега е најплатената актерка и најпопуларна во Боливуд.