Селебрити

„Не може тука гола да вечераш“: Ќе престанат ли угостителите да ја толерираат голотијата на Бјанка

Угостителите одлучиле да им забранат влез во своите ресторани на Бјанка Ценсори и Канје Вест, поради оскудните модни комбинации во кои таа се појавува. Како што е познато, Ценсори во саботата се појавила во ресторан со сопругот во полуголо издание, а изгледа дека тоа е капката која ја прелеала чашата.

„Ако сум јас сопственик на било кој објект во кој овој пар планира да влезе, ќе им кажам, поради почит кон моите гости, дека влез не им е дозволен“, „Како еден пристоен ресторан може да прифати гостин кој е облечен така? дури и супермаркетите во лето имаат натписи кои советуваат дека мора да се носат маици од хигиенски причини, бидејќи мажите знаат да дојдат без маици“, сметаат едни, а како што пренесува „Daily Mail“, а со него се согласиле и бројни други угостители.

„Порано ќе ви забранеа влез во ресторан ако не носите кравата. Како се променија времињата, сега можете да влезете и да вечерате речиси голи“, „Ниеден сопственик или менаџер на ресторан кој се почитува сам себе не би смеел да им дозволи да влезат така облечени, освен ако однапред не платат да го резервираат целиот ресторан, додале други.

Ценсори станала позната по своите храбри модни комбинации, но изгледа дека се повеќе луѓе тоа не го одобруваат. Многумина за тоа го обвинуваат нејзиниот сопруг, Канје Вест.

Канје Вест се ожени со Ценсори во 2023-та година и од тогаш нејзините оскудни модни избори не знаат за граници.