Селебрити

Оваа жена има 100 килограми, но и најсовршено тело на светот

Кели Брук има речиси 100 килограми, но и совршено тело на кое многумина ѝ завидуваат.

Првата Британка на врвот од листата најсексапилни жени според магазинот „FHM“, Кели Брук, се наоѓа на оваа листа често во однос на било која друга учесничка.

Пред да се здебели и да биде прогласена за жена со најсовршено тело, Кели била слаба и имала линија која многумина ја посакуваат.

Меѓутоа, дури кога се здебелила почнала да добива многу комплименти на сметка на нејзиниот изглед, а мажите ширум светот лудуваат по неа.

„Секогаш говорам дека сега треба да го сакам своето тело затоа што такво ќе посакам да имам за 10 години“, изјавила Кели во една прилика и додала:

„Дури и кога бев многу послаба, не мислев дека сум доволно добра. Секогаш тоа го мислите кога сте млади. Најдобриот дел од стареењето е тоа што тие несигурности едноставно ќе исчезнат. Размислувајте надвор од рамката и повеќе не треба да бидете опседнати со себе. Моментално не размислувам за тоа дали стомакот ми виси над фармерките. Размислувам за тоа да се нахранам“.

Малкумина би кажале дека жена со речиси 100 килограми може да биде прогласена за најсовршена, но Кели докажала дека тоа е можно.

Имено, врз основа на нивните лични преференции, научниците дошле до „идеалните димензии“ според кои женското тело треба да биде високо 1,68 сантиметри, а обемот на градите, струкот и колковите треба да биде 99х63х91 сантиметар, што точно се поклопува со мерките на славната актерка.

„Кога поминуваш низ раскинување и тешки животни периоди, тоа ти се одразува на исхраната. Најбедна бев кога бев најслаба“, изјавила актерката.

„Не е случајност дека сум најсреќна во своето тело кога сум венчана, кога го работам она што го сакам со луѓето кои ми се драги, кога сум постара и позрела и кога генерално во моето семејство сите се добро и се здрави“, заклучила актерката.