Селебрити

25 години е помлада од него и му го украде срцето на еден од најпознатите актери во светот!

По раскинувањето на деветгодишната врска, Холивудскиот актер Џерард Батлер повторно е заљубен.

Еден од најголемите холивудски снобови и миленици, актерот Џерард Батлер (54), чие име се поврзува со познати убавици, наводно повторно е во врска – со 25 години помладата манекенка и ѕвезда на „Sports Illustrated“ Пени Лејн.

Парот бил виден на романтична прошетка, а подоцна и во еден локален паб, а изгледале многу блиски и оставале впечаток дека меѓу нив има нешто многу повеќе од пријателство.

Тој цело време ја забавуваше убавата манекенка, па таа продолжи да се смешка, а нејзината рака во еден момент заврши на неговото рамо, па беше очигледно дека или веќе се во врска или само на пат кон неа.

Пени Лејн е позната по соработката со бројни престижни брендови, а се појави и во спотот на Дрејк во 2022 година. Многумина мислат дека поради сликите од помладите денови направила пластична операција за зголемување на градите, иако таа тоа упорно го негира.

Џерард Батлер беше поврзуван со романската убавица Мадалина Џенеа, актерката Џенифер Анистон и други, а пред врската со Пени девет години беше вљубен во дизајнерот на ентериер Морган Браун.